Јувентус ќе го „жртвува“ Дибала за да го добие потписот на Погба

Како што пренесува медиумот близок до Јувентус, „Тутоспорт“ од таборот на „Старата дама“ ќе се обидат да го донесат фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Имено медиумот пренесува дека Јувентус е подготвен да го жртвува Пауло Дибала кој беше блиску до „Олд Трафорд“ и минатото лето меѓутоа одби да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Јуве ќе го понуди Дибала плус 55 милиони фунти за услугите на Погба, а доколку Дибала одбие да оди во Јунајтед, Јувентус ќе го понуди Миралем Пјаниќ кој пак речиси сигурно ќе си оди од Торино ова лето.