Јувентус купува дефанзивец на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Раи Спорт“ пренесува дека Јувентус ќе се обиде да  го донесе фудбалерот од одбраната на Барселона, Самуел Умтити.

Барселона веројатно ќе се засили со Матијс Де Лихт, фудбалер кој беше интересен и за Јувентус, па Самуел Умтити ќе стане прекуброен во Каталонија.

Францускиот репрезентативец има договор со Барселона до 2023 година, а оваа сезона ја изгуби првотимската позиција од Клемен Ленгле кој игра одлично и ја зграби шансата кога Умтити беше повреден.