Јувентус може да биде исфрлен од Серија А!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Андреа Ањели го направи Јувентус еден од најмоќните тимови во светот со огромни приходи, меѓутоа во последните месеци реши да се ангажира за создавање на европска Суперлига, а тоа може скапо да го чини тимот.

Репутацијата на Ањели нагло почна да паѓа, а во претходните денови повторно актуелна беше темата за Суперлига, по што реши да реагира Габриеле Гравина, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија.

„Ако се постигне таков договор, тогаш Јувентус ќе биде исфрлен од италијанскиот шампионат. Суперлигата е погрешен одговор на вистинските потреби. Италија мора да размислува за тоа како да го подобри квалитетот на лигата“, вели Гравина.