Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус е заинтересиран за напаѓач на Манчестер сити, а во прилог на италијанскиот шампион му оди тоа што и фудбалерот сака да си замине од „Итихад“.
Бразилскиот репрезентативец, Габриел Жесус би можел летово да го напушти Манчестер сити и да се пресели во Јувентус.
„Рај Спорт“ пишува дека италијанскиот шампион се откажал од Енрико Кјеза од Фиорентина и сега ја сака „деветтката“ на Бразил.
Жесус не е задоволен во Сити, па сака да замине од клубот во кој главен во нападот е Серхио Агуеро.
Бразилецот на Копа Америка стана првиот фудбалер на натпреварувањето, кој во финалето беше стрелец, асистент, доби црвен картон и го крена трофејот.