Јувентус постави конечен рок за трансферот на Пјаниќ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За потенцијалниот трансфер на Миралем Пјаниќ од Јувентус во Барселона веќе се шпекулира долго време. Тоа што е сигурно е дека Јувентус сака да го продаде Босанецот, а Барселона е заинтересирана за неговите услуги.

Барселона ова лето нема да има буџет, како во претходните години, па трансферот на Пјаниќ ќе се реализира како трампа.

Јувентус поставила рок за трансферот на Пјаниќ, поточно тие сакаат да се договорат со Барселона до 30 јуни, а доколку тоа не се случи, тогаш Јуве ќе го искористи Босанецот во размена за некое друго засилување.

На крајот треба да се потсети дека Јуве го сака Артур Мело како замена за Пјаниќ, но тој нема намера да го напушти „Камп Ноу“.