Јувентус прв ја потврди размената со „граѓаните“: Одличниот Бразилец слета во Торино (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трампата на релација Манчестер- Торино е пред самиот крај откако фудбалерите вклучени во неа, Данило и Жоао Кансело пристигнаа во градовите кои ќе бидат нивни следни домови.

Од таборот на Јувентус пред еден час објавија фотографии од Данило на кои се гледа како играчот пристигнува во Торино.

Се верува дека Кансело веќе ги минал медицинските прегледи, а Данило тоа треба да го стори допрва.