Јувентус тргна по замена за Погба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пол Погба требаше да биде големо засилување за Јувентус, но се повреди поради што го чека пауза од неколку месеци и тоа не му остава друг избор на раководството на тимот, освен да тргне по замена.

Французинот пристигна како бесплатен играч, откако му заврши договорот со Манчестер јунајтед, но најверојатно ќе паузира околу четири месеци.

Погба најверојатно ќе го пропушти и Светското првенство (СП) во Катар, кое се игра на крајот на годинава, а во Јувентус активно бараат негова замена.

Јувентус се распрашува за Саул Нигез од Атлетико Мадрид, кој минатата сезона беше на позајмица во Челси, но не се прослави.

„Старата дама“, исто така, преговара и за Леандро Паредес од ПСЖ.