Кабиб во следната борба сака да го сруши рекордот на УФЦ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кабиб Нурмагомедов најави дека сака една од неговите последни борби да ја организира во Русија.

По победата над Дастин Поириер во Абу Даби, Нурмагомедов најави дека сака се бори во октагон во Москва.

Противникот се уште не е познат, но едно е јасно, Кабиб сака да го сруши рекордот на УФЦ во посетеност на една борба.

„Преговорите со УФЦ продолжуваат. Сакам да се борам во Русија. Во Санкт Петерзбург јаимаме Гаспром Арена, во Москва Лужники Стадионот, но тој е отворен па дожд би уништил еден таков настан. Би можел да се борам во Санкт Петербург, таму може да собира 75.000 луѓе. Во мала арена сигурно нема да се борам“ –изјави Кабиб Нурмагомедов.