Кака: Мојот најдобар момент во Реал Мадрид? Кога ми кажаа дека ќе си заминам!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот бразилски фудбалер Рикардо Кака направи интервју за шпанска „Марка“ во кое зборуваше за неговата кариера во Реал Мадрид.

Новинарите ги интересираше кој му бил најдобар момент во кариерата во Мадрид, а Кака ги изненади со неговиот одговор.

„Звучи чудно, но најдобар ден ми беше кога кажаа дека си заминувам. Разговарав со Флорентино Перез и ми кажа дека гледа во мене професионалец, кој дал максимум во тимот, но повредите не ми дозволија да го исполнам целиот потенцијал. Тие зборови на Перез ми дадоа сила во тој момент. Секогаш ќе биде отворена вратата во клубот“, кажа Кака.

Кака најдобрите денови ги имаше во Милан, каде што играше од 2003 до 2009 година, како и во сезоната 2013/14.