Кака: Жал ми е затоа што Италија нема да игра на СП во Катар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот бразилски фудбалер Кака кажа дека Мундијалот во Катар ќе биде осиромашен поради тоа што нема да игра европскиот шампион Италија.

Италија испадна од Мундијалот во Катар, откако загуби на домашен терен со 0-1 од Македонија во полуфиналето на баражот.

„Жал ми е што Италија нема да игра на турнирот. Светското првенство без Италија нема да биде исто, нешто мора да се менува во италијанскиот фудбал“, кажа Кака.

Бразилецот играше во Серија А од 2003 до 2009 година, но и во сезоната 2013/14 кога го носеше дресот на поранешниот италијански шампион Милан.