Како изгледа Буфон во дресот на Парма по 20 години? 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поминаа 20 години откако Џанлуиџи Буфон за последен пат заигра во матичниот тим. Легендарниот голман летово се врати во тимот во кој ја почна кариерата, а во 2001 година се пресели за 53 милиони евра.

Дури 19 од минатите 20 години Буфон беше во Јувентус, а една сезона мина во ПСЖ, па сега на 43 години се врати дома и вчера го одигра првиот подготвителен меч за Парма и го облече дресот по пауза од 7.339 денови.

Парма во мечот изгуби од Бохум со 0-1, но Буфон својот дел од работата го заврши без грешка. Тој играше само во првото полувреме.

Парма минатата сезона испадна од Серија А, но на Буфон ова нема да му биде прва сезона во втората лига зашто и со Јувентус играше во 2006/07.