Како изгледаше соблекувалната на Барселона по дебаклот на „Енфилд“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона уште долго нема да се вратат по големиот шок на „Енфилд“. Каталонскиот гигант веќе втора година по ред испаѓа, откако на домашен терен добива три гола предност.

Каталонците доживеаа срам. Тие загубија од Ливерпул со 0-4 во Англија, па така ја испуштија предноста од 3-0 во првиот меч на „Камп Ноу“.

По мечот на „Енфилд“ во таборот на Барселона владееше целосен молк. Новинарот на каталонски „Спорт“, Алберт со интересни зборови опиша како изгледа тоа.

„Во соблекувалната на Барселона беше како на погреб. Фудбалерите беа во целосен шок, не можеа да сфатат што се случило на ‘Енфилд’ и како направиле толку грешки. Тренерскиот персонал се обиде да разговара со нив, но никој не беше заинтересиран. На никого не му се зборуваше“, пишува каталонскиот медиум.