„Како ќе го запреме Роналдо? Па, само ако не го пуштат на граница да влезе во Франција“

Фудбалерите на Лион следната среда го пречекуваат Јувентус во првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони, па на сите им е јасно дека италијанската екипа е голем фаворит во мечот.

Тренерот на францускиот тим, Руди Гарсија добро ја познава „Старата дама“, азнае дека ќе има и тешка задача против Кристијано Роналдо, кој во последно време игра во фантастична форма.

„Како да го запреме Роналдо? Можеме само да го запреме на граница, ако не го пуштат во Франција или можеби не му се допаѓа Лион и одбие да игра тука“, се пошегува Гарсија.

Гарсија претходно беше тренер на Рома и имаше можност да соработува со Миралем Пјаниќ и Војчех Шчесни, кои сега се членови на Јувентус и знае дека ќе му биде тешко против нив.