Како вака? Ливак знаел каде да шутира зашто ги разбрал нашите како му помагаат на Шишковски!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија со „втор тим“ успеа да освои само бод против Естонија (3-3), иако имаше голема шанса да останеме и без него поради тоа што имавме негатива од 1-3 во еден момент.

За водство од 3-1 на Естонија погоди Франк Ливак од белата точка, а по натпреварот откри дека ги разбрал македонските репрезентативци како му кажуваат на Шишковски на која страна да тргне.

„Една ипол година поминав во Сараево и затоа ги разбрав што му кажаа. Играчите од позади мене му зборуваа дека ќе шутирам десно, па затоа јас ја избрав спротивната страна. Комплетно за натпреварот не знам што да кажам, ако го гледаме текот на настаните изгледа како да сме изгубиле два бода, но доколку пред мечот некој ни понудеше бод сигурно дека ќе прифатевме“, вели Ливак.