Каков гаф: Монако објави дека ангажирал фудбалер од Јунајтед, па ја избриша нивната вест! (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Монако сезонава ги разочара фановите, па се бори за опстанок во француската Лига 1, а очигледно летово ќе следува ремонт на нивната екипа.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Андер Ерера веќе најави дека ќе замине од „Олд Трафорд“, а многу медиуми шпекулираа дека кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, но сите ги изненади објавата на Монако.

Монако објави на својот профил на Твитер дека Ерера е нивни нов фудбалер.

„Задоволни сме што може да соопштиме дека Ерера потпиша. Добродојде во клубот“, беше објавено на нивниот профил.

Сепак, по краток период нивната објава беше отстранета, па останува мистерија што се случи со истата.