Каков малер е Азар: Се врати на терен по неколку месеци, а сега му прави нови главоболки на Зидан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа на домашен терен го победија Интер со 3-2 во меч од треотот коло во групната фаза од Лигата на шампиони.

Шпанскиот шампион успеа некако да дојде до победата, а јунак беше Родриго, кој постигна гол во самиот финиш на мечот. Меѓутоа, во Реал по натпреварот повеќе се зборуваше за Еден Азар, отколку за победата.

Азар по неколку месеци се врати на теренот по повредата и успеа да влезе во ритам. Но, синоќа во 64. минута од натпреварот Белгиецот излезе од теренот, зашто се жалеше на повреда.

По дуелот со еден од играчите на Интер, Азар се пожали на победа, но успеа да го продолжи мечот. Сепак, 10 минути подоцна излезе од теренот и имаше краток разговор со Зинедин Зидан, а според неговиот израз на лицето може да се забележи дека нешто не е во најдобар ред.