Каков малер: Само што го претставија, веднаш „закачи“ ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Понеделник за многумина важи за најтежок ден во неделата, а во случај со Давид Силва баш беше малер денот.

Легендарниот фудбалер беше претставен како ново засилување на Реал Сосиедад, по неочекуваното пристигнување од Премиерлигата.

И додека првиот ден мина во добра атмосфера, во текот на вечерта стигна лоша вест, односно Давид Силва е позитивен на ковид-19.

Шпанецот требаше да почне со тренинг, но ќе мора да почека, зашто мора да ја мине самоизолацијата.