Каков пресврт на крајот: Манчестер сити се повлече, Роналдо се враќа во Јунајтед!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо во следните 96 часа ќе го напушти Јувентус, а како негова следна дестинација се споменува Манчестер јунајтед, иако претходно беше пред потпис со Манчестер сити.

Клубот во кој играше Роналдо во период од 2003 до 2009 година реагираше кога се појави информација дека Португалецот има голема можност да потпише за „граѓаните“.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој е специјалист за трансфери, објави дека Манчестер сити се повлекол од сите преговори со Роналдо.

Јунајтед е единствена екипа која ќе се бори за потписот на Роналдо и доколку го купат од Јувентус, тогаш „ѓаволите“ ќе бидат главни фаворити за освојување на Премиерлигата.

Роналдо за „црвените ѓаволи“ во минатото одигра 292 меча и постигна 118 голови.