Каков ќе биде одговорот на Барселона за понудата на Интер за Видал?

Интер подготви понуда за играчот за врска на Барселона, Артуро Видал.

Нероазурите со нетрпение очекуваат почеток на зимскиот преоден рок за да се засилат во продолжение на сезоната, а Антонио Конте има неколку трансфер цели.

Видал е едно од нив и по пишувањата на италијанските медиуми Интер ќе понуди 12 милиони евра за него.

Чилеанецот оваа сезона одигра 19 натпревари за каталонскиот тим и постигна пет гола, но повеќето натпревари ги започна од клупата за резервни играчи и не е среќен со моменталниот статус во тимот.

Тоа се потврди и минатата недела кога во очи на Ел Класико шпанските медиуми пишуваа дека Видал го напуштил тренингот кога дознал дека нема да биде стартер на тој меч.

Конте посакува да го види Видал во својот тим, но Барселона и понатаму инсистира на цена од 25 милиони евра, па се чека да се види дали понудата на Интер од 12 милиони е вовед во преговори како двата клуба би се нашле на пола пат.