Каква провокација: Навивачите на Бока се појавија во маски од човекот кој ја уништи Ривер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ривер Плата го изгуби статусот на најдобар тим во Јужна Америка.

Иако во овогодинешното финале на Копа Либертадорес имаа водство од 1-0 до 89. минута, со двата гола на Габриел Барбоса во финишот ја изгубија титулата.

Навивачите на најголемиот ривал на Ривер Плата Бока Јуниорс исто така слават. На вчерашниот натпревар во аргентинското првенство добар дел од нив пристигнаа со маски на кои беше напаѓачот на Фламенго.

Габигол така стана херој и на навивачите на Бока, кои сигурно уживаа во поразот на својот голем ривал.