„Калчомеркато“: Манџукиќ има три понуди и може веднаш да замине од Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Преодниот рок во најсилните европки лиги заврши во понеделникот, но затоа во Катар уште трае, па Ал-Духаил, Ал-Рајан и Ал-Гарафа ја следат ситуацијата на хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.

А таа е многу лоша во моментов, со оглед на тоа дека Хрватот остана без место во тимот за Лигата на шампиони.

„Калчомеркато“ пишува дека хрватскиот напаѓач тешко ќе успее некој да го убеди да замине од Јувентус во Катар, откако претходно одби понуди од ПСЖ и Манчестер јунајтед, зашто чекаше вистинска понуда од Баерн Минхен, која не стигна на време.

Манџукиќ во моментов е трета опција на тренерот Маурицио Сари во нападот на Јувентус и во првите два меча во италијанската Серија А не одигра ниту минута.