Калин Ивановски скокна во топ-500 на АТП-листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски вчера загуби во финалето во Монастир, Тунис, но и покрај тоа забележа голем скок на АТП-листата.

Ивановски освои нови бодови со кои скокна до 494. позиција во светот, а се очекува нов напредок во следните денови и тоа е јасен знак дека Македонецот е во одлична форма.

Новак Ѓоковиќ останува прв на АТП-листата, а потоа следат Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд, Андреј Рубљов и Рафаел Надал.