Камерун победи, но тоа не го израдува лутиот Ето! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Камерун славеше со 1-0 против Бурунди во квалификациите за Африканскиот Куп на нации, а единствениот погодок го постигна Токо Екамби.

Оваа победа не го израдува легендарниот Самуел Ето, кој е претседател на фудбалската федерација на Камерун и реши да им одржи лекција на фудбалерите по мечот.

Ето влезе во соблекувалната на репрезентативците на Камерун и јасно им кажа што мисли за победата против Бурунди.

„Воопшто не сум задоволен и среќен. Вие играте за Камерун и не ме интересира кој ни е противник. Мора да одиграте најдобро што можете. Никој нема загарантирано место во тимот. Ако сакате да играте за овој дрес, ќе мора напорно да тренирате“, кажа Ето.