Кан ја објасни бесната реакција која стана хит (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен испушти победа против Борусија Дортмунд, иако имаше водство од 2-0 во еден момент, по што извршниот директор на клубот, Оливер Кан не можеше да ги сокрие емоциите.

Модест постигна гол за 2-2, по што поранешниот голман на Баерн збесна и неговата реакција стана хит на социјалните мрежи.

„Едноставно направивме сè за да примиме гол. Мораше да го решиме натпреварот порано, мора да играме подобро. Ние ја вративме Борусија во игра и им помогнавме да дојдат до бод. Не можам да се сетам на ваква лоша сезона. Не може да се надеваме дека и другите ќе прават грешки, туку мора да се подобриме и да се вратиме на прво место“, кажа Кан.