Канте само што стигна, Челси повторно чукна на вратата на Лестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не е готово, сакаат уште една лисица.

После тоа што го доведоја Канте на Стемфорд Бриџ, сега Челси сака да го доведе и Ријад Марез.

Алжирецот одби да потпише нов договор, сака во поголем клуб и како што стојат работите, Лестер мора да го продаде.

Челси бара начин да ги доведе најдобрите од ПЛ, тие со понуда ќе ја испитаат спремноста на Лестер.

Антонио Конте освен Марез сака и дефанзивец, Бонучи е невозможна мисија, па сините ќе се насочат кон Шкодран Мустафи од Валенсија. Постои можност лилјаците да го продадат германецот за да го задржат Андре Гомеш за кој има интерес од Реал Мадрид и Барселона.

Со Марез и Мустафи, Конте ќе биде посилен и со Квадрадо кој се врати од позајмица од Јувентус.