Канте се најде во средина на една неверојатна приказна: Пиштол, агент и само еден избор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Името на Канте во последните денови често се наоѓа низ француските медиуми.

Одличниот везен на Челзи го тужеше некогашниот агент за имиџ – Ноуари Киари за проневера и така го спречи потполно да го искраде.

Меѓутоа, француските власти покренаа истрага по објавата дека на Канте и на неговиот агент Абделкарим Доуси им биле испратени закани со пиштол за да потпишат договор за раскинување на соработката.

Наводно се се случило во март 2017. година и тоа поради 4.8 милиони евра компензација за агент. Својот дел го бараше и Рачид Саадна со својот брат Хуари.

„Мојот брат имаше пиштол но не му го покажа на Канте. Работеше паметно и немаше никакво насилство. Му даде можност да бира“, рече Рачид во изјава за Mediapart.

А зборовите кои биле упатени кон Канте кога му била пружана прилика да бира се:

„Ти давам можност на избор. Престани да соработуваш со други. Не се шегувам, реши си го проблемот или Карим Доуис ќе биде убиен. Точка.“

Канте потоа се јави по пат на својот адвокат и ги одби сите шпекулации околу заканите.

„Сметам дека вашите прашања се тенденциозни. Јас сум фудбалер и пред се професионалец кој не живее во светот на криминалците. Ме сметате за незрела личност, но да знаете дека сум одговорен и дека само јас си ги правам моите избори, искрено и под полна совест“, изјави Канте.

Кога во 2018. година го обнови договорот со Челзи, Доуис и Саадна ја поделија провизијата, но секако дека оваа приказна околу уцената и тоа како ги заинтересирала француските власти.