Капело кажа зошто не му дозволи на Савичевиќ да игра финале во 1993 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер Фабио Капело го спореди случајот меѓу францускиот селектор Дидие Дешам и напаѓачот Карим Бензема со негов случај од 1993 година со легендарниот Дејан Савичевиќ.

Капело доби прашање од новинарите дали Дешам згреши што не го повика Бензема за финалето на Светското првенство (СП) во Катар, кое ѝ припадна на Аргентина по изведување на пенали.

„Не, Дешам не згреши. Јас истото го направив со Савичевиќ во 1993 година во Интерконтиненталниот Куп. Савичевиќ ми кажа дека е подготвен да игра откако јас решив да му дадам шанса на Радучоју. Не му дозволив да игра. Мислам дека тоа беше фер одлука за тимот“, кажа Капело.