Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дани Карвахал по 13 години заминува од Реал и затвора едно од најтрофејните поглавја во историјата на мадридскиот гигант.
Зад искусниот шпански фудбалер (34) остануваат импозантни бројки, со Кралскиот клуб ги освои сите можни трофеи, а бројките се следни – вкупно 27 пехари, од кои шест пати ја освојуваше Лигата на шампионите, четири пати Ла Лига, двапати Кралскиот куп, пет европски Суперкупови и уште многу други успеси.
Со оглед на тоа што договорот му истекува на крајот од оваа сезона, а нема да потпише нов, Карвахал реши да организира проштална вечера на која ги собра играчите и некои членови на стручниот штаб. Интересно е што меѓу поканетите не беше тренерот Алваро Арбелоа, открива познатиот шпански новинар Марио Кортегана.
















