Карагер го нападна, а Кин го брани: Роналдо не е човек за да седи на клупа! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед одигра 1-1 на гостувањето кај Челси во 13. коло од Премиерлигата, а многумина ги изненади тоа што на клупата беше Кристијано Роналдо.

Роналдо доби шанса на теренот во второто полувреме, но очигледно Португалецот беше лут поради тоа, па не се поздрави со Мајкл Керик.

На оваа тема дискутираа Рој Кин и Џејми Карагер, а легендата на Јунајтед кажа дека Роналдо не е фудбалер кој треба да седи на клупата за резервни фудбалери и така му испрати порака на Ралф Рангник да не си прави проблеми.

Карагер, од друга страна, не се согласува со Кин и кажа дека Роналдо не треба да има загарантирано место во првиот тим.