Карагер и Невил посрамотија новинарка на „Скај Спортс“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул синоќа славеше на „Сент Мери“ со 3-1 против Саутемптон во мечот од 33. коло од англиската Премиерлига, па така ја продолжи битката за трофејот во англискиот шампионат.

„Црвените“ мораа ептен да се измачат на гостувањето за да стигнат до трите бода и тоа во самиот финиш од мечот.

Сепак, англиските навивачи најмногу зборуваат за бизарната ситуација, која се случи пред почетокот на мечот додека легендарниот Гери Невил и Џејми Карагер го најавуваа мечот.

Тие беа во друштво на новинарка на „Скај Спортс“, а потоа по нејзиното прашање само го свртеа грбот и тргнаа да одат. Дури и новинарката остана збунета со потегот и не знаеше што се случува.