Кари и Томпсон го израдуваа Голден Стејт, трет триумф по ред на Лејкерс (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кошаркарите на Голден Стејт вориорс славеа на гостински терен во Тексас против Хјустон рокетс со 127-120, а одлични на паркетот беа Клеј Томпсон и Стеф Кари.

Томпсон постигна дури 10 тројки, односно 41 поен вкупно, додека Кари му помогна со 33 поени и 15 асистенции во победата.

Лос Анџелес Лејкерс врза три победи по ред и конечно влезе во ритам. Поранешниот шампион славеше против Сан Антонио спарс со 123-92, а на паркетот блесна Ентони Дејвис со 30 поени и 18 скокови.