Карло Анчелоти избран за најдобар тренер! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти заслужено и очекувано ја доби титулата за стратег на годината, откако минатата сезона ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) по петти пат во кариерата.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска го избра за најдобар тренер, откако имаше одлична сезона со „кралевите“, па ја освои и Ла Лига, по што му беше доделена наградата.

„Ѝ благодарам на УЕФА за наградата. Му благодарам на претседателот Перез кој ми даде шанса да се вратам во Мадрид. Минатата сезона беше одлична, остваривме неверојатни резултати“, кажа Анчелоти по добивањето на наградата.

Реал Мадрид претходно ги доби и ривалите во групната фаза, па ќе игра против Лајпциг, Шахтер и Селтик.