Карло Анчелоти во Евертон носи италијански репрезентативец за кого интерес има и од Интер и Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Калчомеркато“ пренесува дека искусниот италијански стратег, Карло Анчелоти ќе се обиде ов своите редови да го донесе фудбалерот на Рома, Лоренцо Пелегрини.

За одличниот играч од средниот ред постои сериозен интерес од некои европски клубови меѓу кои се и Интер, Манчестер Јунајтед, Јувентус и ПСЖ.

Јасно е дека гледано според моменталната ситуација, но и според тежината на клубовите, Евертон е голем аутсајдер во битката за потписот на играчот, но Анчелоти ќе се обиде да го искористи своето „дебело спортско досие“ за да го убеди фудбалерот да се пресели на „Гудисон Парк“.