Карлос го избра идеалниот тим: Оваа екипа никој нема да може да ја победи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот лев бек на Реал Мадрид, Роберто Карлос го избра својот идеален состав.

Карлос за време на неговата кариера играше со најголемите звезди кои во тоа време владееа со фудбалските терени, а во својот идеален тим има само еден играч со кој никогаш не ја делел соблекувалната.

На голот е Икер Касиљас, во одбраната покрај себе го стави некогашниот колега од репрезентацијата и соиграч во Реал, Кафу, Фабио Канаваро и дефанзивецот на Милан, Паоло Малдини. Токму со Малдини тој никогаш немаше прилика да ја дели соблекувалната.

Во предниот ред на тимот се Зинедин Зидан, Мекелеле и Кларенс Сидорф, додека во нападот се Роналдињо, Роналдо и Луис Фиго.

Инаку, Карлос во текот на кариерата, освен за Реал играше и за Интер, Фенербахче, Кориентас.

За репрезентацијата одигра 125 натпревари и постигна 11 погодоци.