Карпин: Ја сакаме Македонија, но улогата на фаворит мора да ја оправдаме на теренот!

Рускиот селектор Валери Карпин за медиумите во татковината зборуваше за потенцијалните ривали во баражот за Светското првенство (СП) во Катар, а негова желба е да заиграат против Македонија.

Карпин е свесен дека би биле фаворит против Македонија на хартија, но тоа мора да го докажат и на теренот затоа што ние имаме квалитетна репрезентација.

„Сите кај нас ја посакуваат Македонија, па така и јас. Мислам дека Македонија е најлесниот противник кој може да ни се падне. Нормално е и ние како репрезентација тоа да го посакуваме… Сепак фаворитската улога ќе биде само на хартија и ќе мора да ја потврдиме на теренот“, кажа Карпин.

Ждрепката за баражот за Мундијалот во Катар ќе се одржи в петок од 17 часот.