До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Проблемите во Реал не завршуваат, а по новиот кикс во првенството против Бетис, со кои одиграа 1:1, се појави нова ситуација која дополнително ја возбуди јавноста и ги поттикна приказните за нарушени односи во соблекувалната.
На социјалните мрежи се рашири видео од клупата на кое се гледа како Дани Карвахал му се потсмева на Трент Александар-Арнолд поради бавното враќање во одбрана. Снимката брзо предизвика бројни реакции и повторно го отвори прашањето за атмосферата што владее внатре во тимот.
Александар-Арнолд не е познат по врвната дефанзива и големото залагање во одбрана низ кариерата, за разлика од Карвахал, кој е една од легендите на Реал. Токму поради тоа, 34-годишниот Шпанец низ потсмев му замерува на седум години помладиот Англичанец за недостатокот на придонес.
Погледнете го видеото ОВДЕ.
















