Касано го посочи играчот кој единствено може да го спаси Милан

Антонио Касано за време на популарното шоу „Тики Така“ кое се пренесува во Италија го посочи името на фудбалерот кој може да го спаси Милан.

Касано посочи дека Ибрахимовиќ е играчот кој во овој момент може да го спаси тимот кој е во неверојатна криза.

„Ибрахимовиќ е единствена надеж за Милан и за бродот што тоне. Тој ги прави своите соиграчи подобри. Тој исто така може да донесе ентузијазм во целиот состав на росонерите. Дали тој е еден од оние кои не сакаат да дојдат во Милан? По мое мислење, доколку му дадете договор на една и пол година, тој ќе прифати“ –истакна Касано.