Касано распали по Роналдо како никој досега!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Касано го критикуваше Кристијано Роналдо по поразот на Јувентус од Порто со 1-2 во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Јувентус на гостувањето во Португалија не се прослави,а  Роналдо одигра лош меч и промаши неколку добри шанси.

Неговиот ужасен натпревар го коментираше Касано, а неговите зборови сигурно нема да му се допаднат на Португалецот.

„Секогаш зборував дека е неверојатен и дека постигна многу голови, за да стигне до идејата за фудбал на Андреа Пирло и да има проблеми. Постигнува голови, но се бори со неговата идеја за тоа каков треба да биде фудбалот. Роналдо е себичен, не го интересира тоа што другите постигнуваат голови“, вели Касано.

Касано во текот на кариерата настапуваше за Рома, Милан, Интер…