Касано сега удри по Конте: Разбираш ли дека не си Гвардиола? Ние не сме глупави!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер е првопласиран во Серија А и тие се фаворити за Скудетото, но веќе испаднаа од борбата за титулата во Лигата на шампиони, откако завршија на последно место во групата со Реал Мадрид, Борусија Менхенгладбах и Шахтјор Доњецк.

Конте кажа дека жали затоа што неговата екипа не е во нокаут-фазата, а доколку биле, тогаш ќе имале што да покажат, но тоа го налути Антонио Касано, кој имаше што да му порача на италијанскиот тренер.

„Дали Конте разбира дека не е Гвардиола? Што ќе имале да кажат во Лигата на шампионите? Ние не сме глупави, Серија А е просечна, Лигата на шампиони е сосема нешто друго. Видовте што се случи со Лацио? Ги фалевме за тоа како играат во првенството, а дојде Баерн и без мака им даде четири гола. Во Лигата на шампионите беа смешни, завршија зад Шахтјор што повеќе да се коментира“, кажа Касано.