Касиљас долго ќе го памети: Волејот на Пандев е еден од најубавите голови на Лацио во ЛШ! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лигата на шампиони (ЛШ) повторно ни се враќа пред малите екрани со натпреварите од првото коло во групната фаза, а веруваме дека ќе уживате во многу возбудувања уште на првиот ден од елитното натпреварување.

Лацио по 13 години повторно се врати во елитното натпреварување и ќе има можност да заигра како во славните денови, а притоа тимот се потсети на минатото кога имаа многу добри натпревари против европските гиганти.

УЕФА на социјалните мрежи ги објави сите најдобри голови на Лацио во ЛШ, а еден од нив е ремек-дело на македонскиот репрезентативец и капитен Горан Пандев.

Пандев во мечот против Реал Мадрид постигна феноменален гол во мрежата на Икер Касиљас, и тоа со прекрасен волеј.