Касилјас потврди: Голманот се враќа во Реал Мадрид! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас пред точно пет години замина од шпанскиот гигант и се пресели во Порто.

Разделбата не беше воопшто пријатна, Касилјас беше тажен, а ниту навивачите не се помирија со ситуацијата. Сепак, голманот го продолжи животот во Порто, но очекувано не го преболе клубот во кој се прослави.

Касилјас најави враќање во Реал, но тоа ќе биде во поинаква улога бидејќи уште во февруари најави дека се повлекува од фудбалот.

Со Реал освои три трофеи во Лигата на шампиони, пет титули во Ла Лига и два шпански Купа, а како капитен ја предводеше Шпанија до трите големи титули од 2008 до 2012 година.