Кавани: По пресвртот на Барселона морав да одам на психијатар

Неверојатниот напаѓач Едисон Кавани кажа дека имал сериозни психички проблеми, откако ПСЖ во 2017 година загуби од Барселона по неверојатен пресврт во реваншот.

ПСЖ имаше убедливи 4-0 од првиот меч, но потоа на гостувањето во Каталонија загуби со неверојатни 1-6 и испадна од Лигата на шампиони.

„Морав да одам на психијатар по поразот од Барселона. Тоа многу ми влијаеше. Имав симптоми на нервоза и студена пот. Пред легнување ми беа тие сцени во главата и страв ми беше да заспијам. Се прашував дали имам проблеми со главата. Иако станува збор само за фудбал, тоа се пренесува и на приватниот живот и на фудбалерот како личност“, вели Кавани.