Кејн го сруши „проклетството“ на Англија на Мундијалот после 60 години


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Англија запиша важна победа во осминафиналето на Светското првенство, совладувајќи ја селекцијата на ДР Конго со резултат 2:1 по пресврт, со што беше испишана дел од историјата на „Гордиот Албион“.

Имено, ова е првпат Англија на Мундијалот да успее да направи пресврт и победи уште од 1966 година, што дополнително ја засилува симболиката на овој триумф, а главниот протагонист беше Хари Кејн со два гола.

Токму во 1966 година Англија го освои единствениот светски наслов и тоа по пресврт во финалето против Западна Германија, кога славеше со 4:2. Овој податок сега повторно се поврзува со тимот што го води Томас Тухел, бидејќи навивачите и аналитичарите гледаат слични „знаци“ на актуелниот турнир.

Иако Англија традиционално се смета за фаворит за освојување на титулата, репрезентацијата во изминатите децении често остануваше без очекуваниот конечен успех на најголемата сцена.