Ќе биде ли Ѓоковиќ повторно прво место на АТП-листата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ стигна во Казахстан по освоениот турнир во Тел Авив, па Србинот ќе се обиде да освои уште една титула.

Ѓоковиќ игра во одлична форма и се врати на теренот по пауза од два ипол месеци, а во моментов е на седмата позиција на АТП-листата.

Миша Зверев во интервју за „Евроспорт“ вели дека не е сигурен дали Ѓоковиќ ќе се врати повторно на првата позиција на АТП, каде што досега помина 373 недели во кариерата.

„Новак изгледа дека би можел да игра уште три-четири години. Но, не знам дали ќе биде повторно на првата позиција. Тоа многу зависи од учеството на Австралијан опен“, вели Зверев.

Зверев кажа дека Ѓоковиќ повторно ќе остане без 4.000 бодови ако не игра на Австралијан опен и остана без учество или не добие поени од Вимблдон.