Ќе му позавидат и кунг-фу мајсторите: Видал со копачка удри ривал директно в лице 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Чиле и Еквадор заврши со победа на гостите од 0-2 во јужноамериканските квалификации за Светското првенство (СП) во Катар.

Освен конечниот резултат, внимание привлече и грубиот прекршок на Артуро Видал на кој може да позавидат дури и најголемите кунг-фу мајстори.

Видал во 13. минута доби директен црвен картон, откако го удри неговиот противник со копачка директно в лице, и тоа во момент кога Еквадор водеше со 1-0.