Ќе ни треба среќа за полесна група: Македонија е во четврти шешир во квалификациите за СП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија на 7 декември ќе ги дознае противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во 2022 година, кое се игра во Катар.

Нашите репрезентативци се пласираа на Европското првенство, па сега планираат да одат и на СП, но тоа нема да биде воопшто лесна задача.

Вчера беа објавени шеширите, а Македонија се наоѓа во четвртиот и очекуваме три посилни селекции од нашата во групата.

Пласман на СП ќе обезбедат првопласираните селекции во групите, како и десет второпласирани кои ќе треба да се пресметаат во бараж, додека уште шест репрезентации ќе бидат избрани преку Лигата на нации.

ШЕШИР 1: Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Данска, Хрватска, Германија, Холандија

ШЕШИР 2: Швајцарија, Полска, Шведска, Велс, Австрија, Украина, Турција, Србија, Словачка, Романија

ШЕШИР 3: Русија, Република Ирска, Норвешка, Унгарија, Чешка, Шкотска, Исланд, Северна Ирска, Финска, Грција

about:blank ШЕШИР 4: БиХ, Словенија, Црна Гора, МАКЕДОНИЈА, Албанија, Бугарија, Белорусија, Израел, Грузија, Луксембург

ШЕШИР 5: Ерменија, Кипар, Фарски Острови, Азербејџан, Естонија, Косово, Казахстан, Литванија, Летонија, Андора

ШЕШИР 6: Молдавија, Малта, Лихтенхштајн, Гибралтар, Сан Марино