Ќе оди ли Модриќ во пензија по СП?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ кажа дека е тешко да се спореди успехот на Мундијалот во Катар со сребрениот медал од пред четири години во Русија.

Фудбалерите на Хрватска се пласираа во полуфинале на Светското првенство откако на пенали беа подобри од Бразил со 5-3.

Новинарите ги интересираше дали Модриќ планира да замине во пензија по Мундијалот во Катар, по што кажа дека сега не размислува за повлекување од репрезентативниот дрес.

„Ќе видиме… Не знам. Во моментов не размислувам за тоа и фокусиран сум на Светското првенство. Ќе видиме што ќе се случи по полуфиналето“, кажа Модриќ.

Хрватска во полуфинале против Аргентина ќе игра во вторник од 20 часот.