Ќе се „стресе“ Островот: Водителот Пирс Морган го објави новиот тим на Роналдо!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо имаше контроверзно интервју со Пирс Морган и предизвика бурни реакции кај навивачите, но и кај управата на клубот која реши да му го прекине договорот.

Роналдо си го оствари планот и замина од Јунајтед пред почетокот на јануарскиот преоден рок, каде што ќе бара нов клуб, а очигледно новинарот Морган знае нешто за неговата иднина.

Морган објави фотографија на неговиот профил на која Роналдо држи дрес од Арсенал со бројот 7, а во продолжение пишува „Време е за фаза 2“.

Дали ова значи дека Роналдо ќе потпише за Арсенал, кој е лидер во моментов и е на добар пат да ја освои титулата или значи нешто друго, останува да видиме.