Кејлор Навас им е понуден на „Црвените ѓаволи“…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голот на Манчестер Јунајтед во следната сезона би можел по осум години да го чува некој друг.

Англиските медиуми се повеќе пишуваат дека Давид Де Геа од следната сезона нема да биде во Манчестер и се поизвесно е дека шпанскиот чувар на мрежата може да го напушти тимот.

Понудата за Давид Де Геа како што се наведува испратил ПСЖ. Со оглед на тоа дека Шпанецот не сака да го продолжи договорот со тимот, можно е раководството на клубот да одлучи да го продаде на францускиот првак.

Изминатите денови со Јунајтед се поврзуваше со голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Тој се споменува како долгорочно решенние за „Црвените ѓаволи“, но неговата цена нема да биде под 100 милиони евра, па Јунајтед ќе се насочи кон други опции.

Британски Телеграф тврди дека на Јунајтед му е понуден голманот на Реал, Кејлор Навас. Фантастичниот Костариканец оваа сезона на голот застана по враќањето на Зинедин Зидан на клупата, но се очекува во текот на летото да го напушти Мадрид.

Меѓутоа, се пропадна во последен миг. Факс со кој е постигнат договор се расипа, документите на време не стигнаа и трансферот на Реал и Јунајтед и пропадна.

Четири години подоцна, Костариканецот сепак би можел да застане на голот на Јунајтед, но повторно се зависи од Де Геа и неговата одлука за останување или заминување.