Кејлор Навас му рече „НЕ“ на Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас доби прилика да потпише за Црвените Ѓаволи од Олд Трафорд, но тоа го одбил.

Тој сака да остане во Мадрид и да се бори за местото прв голман со Белгиецот, Тибо Куртоа.

Навас „оживи“ со враќањето на Зидан. Тој му беше миленик, па поради Зидан и Реал му рече „не“ на Јунајтед.

Кејлор Навас пред четири години беше на чекор од Јунајтед.

Тогаш требаше да биде дел од трансферот во кој Де Геа требаше да премине во Реал.

Но, се пропадна во последните моменти.

Четири години подоцна Костариканецот сепак можеше да застане помеѓу стативите на голот на Јунајтед, но повторно се зависи од Давид Де Геа и неговата одлука за останување или заминување.